Девојче на 22 октомври дошло во болница поради компликации кои ги имала од бременоста. Родила со царски рез, а бебето тежело килограм и пол, па се опоравува во инкубатор.
Полицијата се сомнева на силување…
Едно девојче од Мексико родила син на само 10 години, јавија локалните медиуми. Девојчето пристигнало во болница на 22 октомври поради комплиукации од бременоста од кои животот и бил во опасност. Сепак на крај родила син со царски рез.
Нејзиниот син тежи 1.5 килорами, се наоѓа во инкубатор, а мајката секојдневно го посетува. Според докторите бебето добро се опоравува.
Државните власти веднаш почнале да го испитуваат случајот, бидејќи постои сомневање дека девојчето било силувано. Директорот на болницата веднаш ги контактирал сите надлежни институции, вклучувајќи го и државното обвинителство.
Мексиканските закони инаку не дозволуваат на младите мајки да прават абортус, доколку не се докаже сексуално малтретирање и силување. Сепак, овој случај не е првиот во Мексико. Минатата година девојче на 11 години родила син две недели пред терминот за породување, но се докажало дека била силувана од својот татко.
Која е најмладата мајка во светот?
Лина Медина родена на 27 септември 1933 година во Перу е најмладата мајка во медицинската историја. Таа родила на свои 5 години, 7 месеци и 17 дена.
Откако нејзините родители забележале дека и расте стомакот ја однеле во болница, каде лекарите прво се сомневале во тумор, но потоа откриле дека девојчето е во седми месец од бременоста. Окторот Џерардо Лозада ја одвел малата Лина во друга болница за да може и другите специјалисти да потврдат дека таа е бремена.
Лина го родила синот на 14 мај 1939 година со царски рез. Го крстила Џерардо според докторот кој го водел нејзиниот случај. Бебето тежело 2,7 килограми. До својата 10-та година верувал дека Лина му е сестра, но подоцна дознал дека таа му е мајка. Џерардо имал нормален живот и детство, а починал во 1979 година.