Адел: Како настана песната “Someone like you”!? Е како де:)))

popara14 ноември, 20111min00
oooooooooooooooo

Веќе и врапчињата знаат дека пејачката Адел тагува по нејзиниот поранешен дечко, и дека нејзините тажни балади се направени по нивното “раскинување”. Сепак, во едно неодамнешно интервју за магазинот “Glamour” пејачката открила кога го напишала еден од своите најголеми хитови “, Someone like you”, кој со месеци не може да се симне од врвот на топ листите и дека во главата се уште и се создаваат темни мисли.

“Таа песна ја напишав кога бев настината и седев во мојот кревет чекајќи да се исполни кадата со вода. Некој ми испрати SMS во кој ми напиша дека мојот екс дечко се верил. Веќе го преболев, но си помислив:. Ох, зарем толку лесно ме замени? Тој и предходно не сакаше да биде со мене. Секогаш велеше:..! Дури и ако ние останеме заедно засекогаш, јас немам намера да се оженам. А потоа толку лесно се верил. Мислев дека е крај на светот и дека засекогаш ќе останам сама во својата темна соба, додека кучето не ме изеде “изјавила Адел.
После оваа тажна приказна, новинарката на “Glamour” се обидела да ја расположи, велејќи: “Да, но ти си таа што последна се смее”, на што Адел цинично одговорила: “. Не, е вистина. Тој е оженет, а јас сум се уште сама. ”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma