Фановите на Џастин Бибер по грешка го опколиле автмобилот на Мурињо:)))

popara14 ноември, 20111min00
oooooooooooooooo

Престојот на Џастин Бибер во Мадрид го искористи тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо за да ја запознае својата ќерка со 17-годишниот пејач. Мурињо ја однел својата ќерка во хотелот каде што престојувал Бибер, како би се запознале.

Тие што ја пратат кариерата на поп-звездата знаат дека во негова близина секогаш има голем број на негови обожователки. Можеби на Мурињо не му текнало на тоа кога пристигнал до хотелот во својот автомобил со затемнети прозорци.

Кога Мурињо одлучил да си замине, очигледно не му паднало на памет дека фановите на Бибер би можеле да помислат дека тој автомобил му припаѓа на нивниот миленик. Тоа и се случило. Во страв дека младиот пејач одлучил да ги избегне, фановите на Бибер го опколиле автомобилот, ударале по него и му го блокирале патот. Се откажале дури кога сфатиле дека во автомобилот седи “само” Мурињо со неговата ќерка. Потоа Мурињо сигурно се запрашал кој во приказнава е всушност “Special One”..

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag