Музичарот Пит Доерти, освен што е познат по неговата музика, тој исто така е познат по своите испади под влијание на дрога и алкохол, Пит изјавил дека во неговиот стан живее дух. И тоа не било кој, туку духот на Ејми Вајнхаус.
Неговите пријатели откриле дека тоа е причината зошто тој се иселил од станот и заминал некое време да живее во Париз. “Тој навистина е убеден дека во неговиот стан живее духот на Ејми Вајнхаус. Многу ќе помислат дека неговите визии настануваат под влијание на дрога и алкохол, но тој тврди дека е чист подолго време”, изјавил близок пријател на Пит.
Ејми и Пит биле многу блиски пријатели, тој по нејзината смрт одржал и неколку концерти во чест на починатата пејачка.