Шерил Кол била избркана од Х-Фактор, наводно биле заситени од неа. Но после разните оптужувања дека шоуто е наместено, и скандалите со некои од натпреварувачите, гледаноста почнала да опаѓа. Симон Коуел побарал помош токму од Шерил. Односно, според некои одредени гласини Симон ја замолил Шерил да се врати во шоуто затоа што верува дека она може да помогне да се зголеми гледаноста. Симон наводно го замислил нејзиното враќање како големо и спектакуларно.
Кели Роуланд се разболела, а Коуел ја молел Шерил да му помогне, но пејачката се уште не одлучила дали ќе се врати во шоуто. Нејзин пријател открил за британските медиуми дека Симон се поставил така што таа не би можела да ја одбие понудата. Сепак, Шерил се уште не е сигурна што ќе одговори. Портпаролот на убавата пејачка вели дека Симон и Шерил се слушнале, но ништо не договориле, и дека она е готова со Х-Фактор.