Гркот Христос Псатас од Атина влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најголемата колекција на филмски проектори во светот.
Христот се колекционер на филмски проетори, камери и фотоапарати уште кога бил дете. Тој во моментот поседува неверојатни 1919 филмски проектори, меѓу кои и голем број на уникатни и ректи машини.
Тој својата колекција ја чува во приватен музеј кој е целосно опремен да ги заштити ретките реликти од светот на филмската индустрија. Тој планира да продолжи со собирање на артефакти поврзани со светот на филмот, а огромната и скапа колекција планира да ја остави во културно наследство на некој музеј кој е посветен на кинематографијата.