Како да ја задржиме витката линија и во зима?

popara22 ноември, 20111min00
slaba

Зимата е навистина специфичен период кога станува збор за исхраната. Прво, постои генетска предиспозиција за луѓето да јадат повеќе, бидејќи во минатото било тешко да се најде храна зимно време. Исто така, зимно време значително се намалува изборот на свежо овошје и зеленчук, а правењето зимница станува се поретка појава.

Во зима има и многу прослави: дочек на Нова Година, Божиќни празници, многу слави и имендени, каде што најчесто има сервирано многу вкусна, но и калорична храна. Затоа, огромен број луѓе зимно време се дебелеат, а некои накачуваат дури и по неколку конфекциски броеви.

Од друга страна, тука е облеката. Зимно време не сме принудени секојдневно да се соочуваме со целулитот и вишокот на килограми, затоа што сме облечени од глава до пети, и тоа во поширока облека која ни ја замаглува реалната слика за нашето тело.

За да ја одржите витката линија на телото за време на зимата, прво и основно што мора да направите е да се погрижите да скратите на калории онаму каде што можете. Значи, немора да се откажувате од вкусната храна на прославите, но затоа останатите денови внимавајте да вмесувате многу овошје и зеленчук, а многу малку калорична и мрсна храна.

Исто така, зимно време има одличен избор на овошје од кои може да исцедите природен сок, како мандарини, портокали, јаболка и лимони. Заменете ги калоричните газирани пијалаци со свежо исцедена лимонада или сок од портокал, така не само што ќе внесете помалку калории, туку и значително ќе си го подобрите имунитетот, бидејќи зимата е период на многу настинки и болести.

Обидете се во исхраната да вклучите кисела зелка, кисели краставички и туршија, која освен што е богата со витамини и минерали, ќе ве засити и нема да се прејадувате од „печеното прасе“. На вашето мени нека се најде и брокулата, карфиолот, анасонот, морковите и пред се цвеклото, кое е одличен лек против зголемен крвен притисок и холестерол.

Најважно од се е да запомните дека понекогаш треба да им одолеете на искушенијата, затоа што вашата исхрана е онаква каква што вие ќе си ја одредите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag