Џими Хендрикс со својата уметност засекогаш го задолжи музичкиот свет. Го дефинира рокенролот, и се уште е број еден. Поради тоа и не е чудно што списанието Rolling Stone го прогласи за најдобар гитарист на сите времиња. Со овој избор Џими едноставно ја задржа титулата која ја освои во 2003 година.
Том Морело, гитаристот на бендот Rage Against the Machine, и еден од најдобрите гитаристи во историјата на рокот, напишал кратка белешка за Хендрикс. “Џими Хендрикс ја донесе идејата како треба да изгледа рокот денес. Манипулираше со гитарата, студиото и на сцената.” После Џими на листата се следува Ерик Клептон, трет е Џими Пејџ, четврти Кит Ричардс, а на петтото место е Џеф Бек. Оваа листа е составена одлични светски музички критичари, експерти и познати рокери на денешницата.
http://www.youtube.com/watch?v=2CWUp3sZ2pE&feature=player_embedded