Маријана, Немеш, Хорват, Никола, Лестер, Ема, Милан, Славица, Џорџ, Тамара, Брендон и Владо се вратиле од тридневната посета на Прага, што било и нивно наградно патување.
Меѓу нив не биле Бојана и Сораја, но сепак и овие повратници не делувале многу среќно.
Како што пишуваат некои српски медиуми, поранешните станари не шетале многу низ Прага, а поголемиот дел од времето го поминувале во своите соби, а наводно избил и скандал кога Маријана се обидела да украде слика од хотелот каде што престојувале.