20 години затвор поради СМС пораки!

24 ноември, 20110
v225079p0

Еден човек од Тајланд бил осуден на 20 години затвор поради тоа што испраќал смс пораки со навреда кон монархијата, изјавил неговиот адвокат.

Ампон Тангнопакул (61) уапсен бил во август 2010 година затоа што испраќал повеќе пораки на личната секретарка на тогашниот премиер.

Судот го прогласил за виновен и го осудил на 20 години затвор.

По апсењето на Ампон, полицијата соопштила дека смс пораките биле „непристојни и навредливи кон монархијата“, како и дека ги вознемириле оние кои ги прочитале тие пораки.

Тајландското кралско семејство нема никаква политичка улога, но кралот има статус на полубог и е заштитен со еден од најстрогите закони во светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi