Бугати во Дубаи претстави три уникатни модели на Вејрон Гранд Спорт

24 ноември, 20110
0

Иако купе верзијата на Бугати Вејрон е веќе распродадена, произведувачот на супер-автомобили кој е во сопственост на Волксваген групацијата и понатаму им нуди на своите муштерии кабриолет Гранд Спорт.

Како што наведуваат од француската компанија, од планираните 150 единици на Гранд Спорт, 45 веќе имаат нови сопственици, така да се останати само уште 105 модели, кои несомнено наскоро ќе бидат продадени.

За сите оние кои сакаат уникатни модели, дизајнерите и инжинерите во Бугати се спремија три посебни примероци на Гранд Спорт, кои ќе бидат прикажани на саемот за автомобили во Дубаи.

Првиот од трите е модел обоен во жолто, додека долниот дел е во црна боја. Исто така, долниот дел го красат карбонски детали, како и црни алу-фелни. Истиот распоред на бои е користен и во внатрешноста-жолти кожни седишта, со црн вез. Цената изнесува 1.58 милиони ЕУР.

Вториот уникатно среден Гранд Спорт доаѓа во двобојна варијанта. Во внатрешноста доминира демно сина Индиго  кожа, која ја има на воланот, контролната табла и конзолата. Овој лепотан е малце поскап и чини 1.74 милиони ЕУР.

Третиот претставник на Бугати на саемот во Дубаи е облечен во зелено одело од карбонски влакна и алуминиуми. Внатрешноста е иста. Цената совршено одговара на моделот, и изнесува 1.74 милиони ЕУР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi