Додека неговиот постар брат принцот Вилијам на големо е посветен на гламурозната кралска свадба, неговиот помал брат, принцот Хари е на Северен пол. Тој е еден од учесниците на хуманитарната експедиција која е наменета за воените ветерани. Тој и екипата ќе треба да поминат 320 километри со цел да соберат парични средства кои ќе бидат наменети за воените ветерани. Парите ќе бидат употребени за финансирање на нови вработувања.