Познатата актерка и добитничка на Златен Глобус, Америка Ферера, која нам ни е позната како „Грдата Бети“, реши да го стави својот дом во Холивуд на продажба.
Станува збор за една навистина интересно уредена и осмислена куќа од 320 квадратни метри, која располага со прекрасно осветлени соби и луксузна спална соба која го зафаќа целиот втор спрат. Куќата е изградена во 1993 година и располага со три спални соби, три бањи, огромни тераси, голема кујна, базен и гаража.
Главната спална соба е навистина луксузно уреден простор со голем балкон, сопствена канцеларија, огромна бања, два големи плакари и камин. Целата куќа е одлично осветлена, со бели ѕидови и огромни прозорци.
Актерката ја купи куќата во април 2008 година за 1,415 милиони долари, а во моментот ја продава за 1,375 милиони.