Анџелина плачеше пред камерите :(((

popara29 ноември, 20111min00
01

Анџелина Џоли во емисијата “60 минути“ со водителот Боб Симон зборуваше отворено за нервозата која што ја има пред самата премиера на нејзиното режисерско деби, филмот “Во земјата на крв и мед”, за нејзината мајка, за Бред и за неа.

На прашањето како реагираа нејзините пријатели кога им рече дека ќе сними филм за војната во Босна и Херцеговина, Анџелина Џоли рече:

“Луѓето кои ме познаваат, не беа премногу изненадени, но мислам дека помислија дека тоа е луда идеја. Но, и јас мислам дека е луда “.

Сепак, од друга страна откри дека не би снимила комедија, бидејќи смета дека би бил “страшен филмот“.

Анџелина призна дека не знаела што ја чека кога се впуштила во снимање на овој филм.

“Не знаев дека темата е толку осетлива, моравме да внимаваме на се”, вели Анџелина, но не крие дека има трема пред премиерата.

“Нервозна сум и имам трема бидејќи се плашам дека луѓето нема да го разберат”, изјави во интервјуто додавајќи дека планира да сними уште една филм со воена тематика, но овој пат за Авганистан.

“Мислам дека ризично е да живееш, а никогаш да не се обидеш да направиш нешто храбро ” – на овој начин ја коментираше својата одлука.

Во емисијата покрај неа се појави и дел од екипата од филмот, меѓу кои беа Горан Костиќ, Зана Марјановиќ и Раде Шербеџија.

Во текот на интервјуто Џоли кометираше и за приватниот живот. За себе коментираше дека сеуште е “лоша девојка“, но се “скрши“ пред камерите кога ја допреа темата за нејзината мајка.

“Мојата мајка беше мајка со полно работно време, сé правеше за своите деца. Јас никогаш нема да бидам толку добра мајка, давам се од себе, но таа е подобро од мене “, изјави Анџелина, додека нејзините очи се полнеа со солзи пред камерите.

httpv://www.youtube.com/watch?v=zgtdzPRLnSU

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag