Поранешна сопруга на Ашер, Тамека Рејмонд сака да му забрани на популарниот пејач да ги гледа неговите синови. Тамека поднела судско барање за поништување на заедничкото старателство на нивните синови Ашер и Навид.
Во барањето се тврди дека нејзиниот поранешен сопруг на неколку наврати без дозвола ги изнел надвор од државата своите синови и дека без нејзино одобрение ангажирал дадилка, иако токму она требала да биде прва на листата на чување на децата ако го нема повеќе од осум часа со децата.
На поранешниот сопруг му замерила што ја укинал повластената кредитна картичка, иако ветил дека нема да го направи тоа, и побарала од судот Ашер да плаќа поголема алиментација за децата.
Да потсетиме, 33-годишниот Ашер Рејмонд и десет години постарата Тамека Рејмонд љубовната врска ја започнале во 2005 година, а во брак стапиле во 2007 година. Од нивната врска ги имаат синовите Ашер и Навид. Во 2009 година парот одлучил да се разведе.