Иако зимата е период на празнични украси и многу прослави, сепак многу луѓе се борат со синдромот наречен „зимска депресија“. За многумина зимата е стресен период, и тоа заради повеќе причини.
“Зимата дефинитивно е период кога енергијата на луѓето опаѓа и многумина стануваат депресивни. Луѓето се нерасположени, особено затоа што во зима се преоптеретени со обврски како купување, готвење, спремање и многу собири“, вели д-р Дру Ремзи од Универзитетот Колумбија во Њујорк.
“Многу од нас едноставно не можат да бидат среќни и во добро расположение бидејќи се бомбардирани со празнични реклами кои претставуваат некои идилични ситуации, кои се далеку од реалноста”, објаснува психијатарот д-р. Норман Розентал.
Сепак, зимата не мора да биде период на тага или лошо расположение, советуваат експертите. Се што ви треба е добар план, кој вклучува вежбање, здрава исхрана, селекција на обврски и пријатно дружење со пријателите.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја избегнете депресијата во зимскиот период:
Витамини: Витамините се клучни за вашето здравје, а со добро здравје доаѓа и добро расположение. Потрудете се да внесувате што повеќе витамини преку исхраната, особено витамин Б12 и витамин Д кои помагаат про појавата на депресија.
Прошетки: Иако времето е студено, облечете топла облека и уживајте во екскурзии во природата. И обичните прошетки на чист воздух ќе ве размрдаат и ќе ве разбудат од „зимскиот сон“
Купувајте со план: Наместо да одите во продавница по подароци и да изнакупите многу непотебни работи кои ќе го оптеретат вашиот буџет, најпрво прошетајте и разгледајте, а потоа направете детален список за она што навистина планирате да го купите. Бидете креативни и обидете се да најдете некои интересни и достапни подароци преку интернет.
Јадете здрава храна: Зимно време има толку многу празници, па сигурно повеќе пати ќе паднете во искушение да каснете од празничната храна, која е многу вкусна но и многу калорична. Затоа, обидете се во вашето секојдневно мени да вклучите само лесна и здрава храна, како овошје и зеленчук, чорби, супи и чај.
Волонтирајте: За време на празниците не заборавајте ги оние кои немаат речиси ништо. Одберете некоја хуманитарна организација и одвојте малку време и средства за да им помогнете на оние на кои им е потребна вашата помош.Верувајте, прекрасно е чувството да му помогне на некого.
Алкохол: Бидете внимателни колку пиете. Заради многуте собири и прослави, постојано сте изложени на алкохолни пијалоци и може да го оштетите црниот дроб. Затоа, бидете поумерени и пијте само по една до две чаши алкохол, а конзумирајте повеќе вода.