Шпанија ќе ја ограничи и употребата на тоалетната хартија во училиштата.
Децата во училиштата во регионот Каталонија се последните „жртви“ на мерките за штедење со што им е наредно да ја ограничат употребата на тоалетната хартија за да се заштеди на пари.
Регионот во североисточна Шпанија добил наредба да го намали буџетскиот дефицит, поради што Владата започнала со сериозни мерки за штедење.
Во последните одлуки на министерството за образование дало инструкции на државните училишта да ја намалат „прекумерната потрошувачка“ на тоалетна хартија и да ја ограничат на 25 метри по дете на месечно ниво.