Џастин Бибер ќе ја има честа да глуми заедно со Ештон Качер во филмот “What would Kenny Do?. Сценарист на научно-фантастичната приказна е Крис Балди. Пејачот Џастин Бибер и актерот Ештон Качер се оние кои ќе ја водат приказната, за седумнаесет годишното момче кое патува низ времето, и се враќа пак во средното училиште, како би го поминал тој период. Филмот ќе почне да се снима следната година.