Потребни состојки:
300 гр. кокосово брашно
300 гр. турски локум
200 гр. излупени бадеми
Кора од 1 портокал
150 гр. бела или црна чоколада
2 лажици масло за јадење
Сезонско овошје за декорација
Припрема:
Испечете ги бадемите во тава на 80 степени, па крупно исецкајте ги.
Во посебен сад додадете го локумот, бадемите и кората од портокал. Постепено додавајте го кокосовото брашно и мешајте за да добиете компактно тесто кое не смее да биде многу суво.
На работната површина ставете проѕирна фолија и попрскајте ја со вода, па ставете го претходно подготвеното тесто и прекријте го со проѕирна фолија. Со сукало направете кора со дебелина од 1.5 сантиметри.
Со метален калап во форма на срце направете колачиња, ставете ги во хартиени корпи и ставете ги во послужавник да се изладат најмалку два часа пред послужување.
Откако ќе се изладат, извадете ги од фрижидер. Чоколадата и двете лажици масло за јадење растопете ги на пареа. Срцињата прелијте ги со растопеното чоколадо и украсете ги со овошје по желба, па повторно вратете ги во фрижидер да се изладат. Добар апетит!