Демонски пес уништил еден живот во Њујорк

popara20 декември, 20111min00
0111007.48

Животот во странска земја знае да биде тежок, а дополнително може да ви го загорчи песот кој е опседнат од демон. Но, и за таков проблем постои решение, а тоа го нуди хрватицата Олга Хорват.

Таа е уметник, кој студирала во Загреб, а подоцна во Англија и Америка, и конечно се сместила во Њујорк каде работи како уметник и активист.

Но, и нејзините животни биле опседнати, тоа го сфатила кога ја набавила чистокрвната пудлица која, според нејзините зборови, била опседната и го уништила нејзиниот живот и животот на нејзината фамилија.

Непосредно, откако го купила кучето, станот и го опседнал дух. За решавањето на проблемот потрошила околу 7.000 долари, и исто така водела правна битка за да не ја исфрлат од станот.

Нејзиниот сопруг, потоа, настрадал во сообраќајна несреќа, а откриено е дека има и Чург-Страусов синдром, мнгоу ретка болест. Ќерката и ја исфрлиле од училиштето, а е исфрлена поради гест, кој според нејзините зборови е предизвикан од гласовите во главата.

Со оглед на тоа дека неволјите започнале кога го земала кучето, Олга заклучила дека кучето е опседнато.

Но, наместо да се ослободат од него, смислилила начин како да го излечи, а својот лек го нуди и на другите за надомест од 200 долари. Имено, решението на овој проблем се крие во ланчето кое го направила, а кое наводно штити од електромагнетни зрачења и зли духови. Секако, ланчето доаѓа во верзија за луѓе и животни.

За ова ланче таа направила и видео кое можете да го погледнете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag