Лавицата Шумба роди дури 5 лавчиња во белградската зоолошка градина во последнте пет месеци, што во светот претставува невиден преседан, бидејќи женките живеат со своите млади десет месеци и за тоа време одбиваат да се парат.
Лавицата во месец август роди женка, а кога пред два дена повторн почнала да се породува вработените во зоолошката градина неможеле да поверуваат на своте очи.
Сега низ шега вработените изјавиле дека на мажјакот Вамба ниедна женка неможе да му одолее. Во зоолошката градина моментално се наоѓаат 13 бели лавови, од кои 9 се млади.
Ниту една зоолошка градина во светот неможе да се пофали со овој број, а во светот од овој вид се останати вкупно околу 200.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-f_JG9KdBuk