Чоколадна торта

popara25 декември, 20111min00
2222222222222

Потребни состојки:

500 гр. маргарин

500 гр. шеќер во прав

16 јајца

400 гр. чоколадо за готвење

300 гр. мелена плазма

100 гр. млечно чоколадо

Припрема:

Изматете го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Издвоете ги белките од жолчките, па со постојано матење додавајте ги жолчките во смесата со маргарин една по една. На пареа стопете го чоколадото и кога малку ќе се излади додадете го во смесата. Потоа додадете ја плазмата и изматените белки.

Ставете ја смесата да се пече во кружна тава на температура од 200 степени околу 40тина минути, односно се додека не се испече целосно (проверете со чепкалка).

Исечете ја тортата на парчиња. Едно парче торта ставете на чинија за сервирање. Млечното чоколадо растопете го на пареа, па со чоколадото прелијте ја тортата. Декорирајте со свежи малини. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag