Трикови за одморен и природен изглед

popara26 декември, 20111min00
trikovi izgled

Сјајна кожа и румени образи се се што ви е потребно за да изгледате природно и одморно.

Природно и одморно лице: Почнете од лицето. Нанесете подлога која одговара на вашата кожа за да може вашата природна боја да дојде до израз. Не треба да изгледате како да носите маска, туку свежо и одморно. Доколку не сакате да ставате подлога на целото лице користете крема за самопотемнување со боја на вашата кожа и коректор за да ги покриете потребните места.

Изберете ја вистинската нијанса на руменило: Кога станува збор за руменилото, изберете нијанса која одговара на природниот тен на вашата кожа, но истовремено ги нагласува јаболчниците. Идеални нијанси се розевата и праска боја, а ви советуваме да ги избегнувате темните нијанси. Откако ќе го нанесете руменилото, погрижете се да не се познаваат потезите од четкичката за да изгледате природно.

Мала доза на гламур: За да додадете мала доза на гламур на вашиот изглед, нанесете малку светкаво руменило или светкав гел на врвот на образите. Тоа на вашата кожа ќе и даде дискретен светкав сјај, а ќе изгледате природно и младешки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag