Џон Касиди е човек кој е добро познат на Гинисовата книга на рекорди бидејќи тој досега држи неколку гинисови рекорди, а најпознат е по рекордот за најмногу направени фигури од балони за еден час.
Касиди во моментот го држи рекордот од 747 фигури од балони направени за еден час. Всушност, повеќе од една деценија Касиди и Салваторе Сабатино постојано се натпреваруваат и меѓусебно си ги рушат рекордите, а се започна во 1999 година кога Касиди за еден час успеа да направи 367 гигури од балони, со што го сруши рекордот на Сабатино од 296 фигури. Оттогаш тие меѓусебно си ги рушат рекордите веќе неколку пати.
Касиди исто така е сопственик на рекордот за најмногу фигури направени од балони во рок од една минути, кога успеал на направи дури 13 фигури. Но рекордот на Касиди воопшто не е безбеден, бидејќи Сабатино веќе напорно тренира за повторно да го сруши неговиот рекорд.