Празничната еуфорија не ги зафаќа само луѓето, таа пристигна и кај многу животни низ зоолошките градини ширум светот. Затоа вработение во зоолошките градини не забораваат да им подарат интересни поклони или пак да го повикаат Дедо Мраз.
Овој пат сведок на тоа е орангутанот Буши од зоолошката градина во Ознабрук во Германија, кој само неколку дена пред Божиќ го прослави и својот 40-ти роденден, па така тој доби подароци и за нова година и за роденденот.