Ријана ја прскале со шампањ од 4.000 евра!
Ријана го прослави успешниот крај на турнејата „Loud“, и тоа со бањање со скапоцен шампањ.
Познатата пејачка шест месечната турнеја ја заврши на 22 декември со концертот во арената во Лондон, а по настапот нарачала 12 шишиња стар шампањ “Armand de Birgnac” за неверојатно 4.000 евра.
Кога пристигнал шампањот, Ријана како и секогаш со своите најблиски соработници во бањата од својата соблекувална го прославила успехот на помалку чуден начин, момците од екипата ја избањале со скпоцената течност.
-Ријана отсекогаш сакаше тоа да го направи…, да се тушира со шампањ – изјавил неименуваниот извор, а пренесуваат британските медиуми.