Еден 28 годишен италијан подметнал пожар во куќата на своите родители, кога мајката одбила да му даде џепарлак. Инцидентот се случил во Морчијани, место во близина на Римини.
Мајката го пријавила синот со кого имала жестока кавга за 50 евра, кои таа несакала да му ги даде. Синот го полил креветот со запалива течност и предизвикал пожар.
Набрзо реагирале полицајците и пожарникарите, а пожарот за кратко време го изгаснале огнот, кој предизвикал мала штета.