Ви претставуваме пет златни правила кои ќе ви ја олеснат диетата и ќе ви помогнат да останете на вистинскиот пат и да се ослободите од несаканите килограми.
Правило бр.1 Поставете си реални цели!
Не се обидувајте да изгубите 5 килограми за една недела, тоа не е можно да се постигне на здрав начин, а дури и да успеете, брзо ќе ги вратите изгубените килограми. Мора да бидете реални и да се обидете да изгубите од вашата тежина на здрав начин, а тоа значи еден килограм за една недела. Само така нема да загрозите своето здравје.
Правило бр. 2 Избере долгорочна цел!
Многу луѓе не знаат кога е вистинското време да престанат со диетата, затоа треба да си поставите долгорочни цели и да направите план. Сепак, не одете премногу далеку во иднината со своите планови, затоа што ако целта е премногу далеку големи се шансите да ја заборавите или да изгубите волја за да истраете до крај.
Правило бр. 3 Не претерувајте!
Ова е многу важно правило, бидејќи претерано слабеење може сериозно да го загрози вашето здравје. Не дозволувајте да умрате од глад, така брзо ќе се откажете, но и ќе имате сериозни здравствени последици.
Правило бр. 4 Изберете тренинг кој ви одговара!
Најдобар начин да ја намалите телесната тежина е да направите комбинација на диета и вежбање кое ви одговара, односно кое нема да ви претставува непријатна обврска, туку уживање и забава.
Правило бр. 5 Хранете се правилно
Научете како да престанете со јадење кога сте сити, не мора да изедете се што имате во чинијата. Не прескокнувате оброци, но јадете умерено и изберете нискокалорична здрава храна богата со влакна, витамини и минерали.