Според австралиските диетолози еден од најопасните производи за женската фигура е имено маргаринот. Судејќи од нивните експертизи маргаринот не само што има лошо влијание за фигурата и тежината, туки и на општото здравје.
Тие тврдат дека ползата од маргаринот е сомнителна. Според нив во маргаринот, дури и во оние обогатени со витамини нема доволно полезни количини од витамините А, Е, К и Д. Експертите во областа на храната тврдат дека во составот на маргаринот има и други супстанции кои штетно влијаат на човечкото здравје. Исто како и своите британски колеги, тие стигнале до изводот дека маргаринот може да влијае негативно на дејноста на имуниот систем и да го влоши квалитетот на спермата кај мажите, но сепак штета кај жените е поизразена.