BBC ја откри вистината за Јети!

popara29 декември, 20111min00
0366007.48

Експертите направија ДНК анализа на прстот кој е пронајден во Пангбоче, високо на Хималаите, а за кои и свештениците тврдат дека е дел од раката која припаѓа на Јети. Тоа воедно е и крај на истрагата која траеше 55 години.

Научниците и експертите преку BBC радиото откриле анализа на прстот од манастирот Пангбоче на подрачјето на Непал, кој е дел од раката за која свештениците тврдат дека припаѓала на Јети. Но, ДНК анализата покажала дека се работи за човечка коска. Воедно се работи за завршување на истрага која започнала пред 55 години.

Имено, американецот Том Слик во 1957 година организирал експедиција за да открие дали постои Јети. Во експедицијата бил вклучен и Питер Бајрн, и набрзо од Шерпа на подрачјето на Непал дознал дека во манастирот Пангбоче постои рака на Јети.

Со помош на 100 фунти и човечки прст со кој го замениле оној на Јетито, истражувачите успеале да ги наговорат свештениците да им го дадат прстот за дополнително да го проучат.

Прстот на крај завршил во музејот во Лондон, и во еден момент бил загубен, а повторно беше пронајден пред 3 години и од тогаш биле правени анализите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma