Добро, колку женски се доволни за да се направи една поп музичка група? Ако ја прашате јапонската група АКБ48, ќе се изненадите од нивниот одговор.
Верувале или не, во АКБ48 членуваат дури 48 девојчиња, па според Гинисовата книга на рекорди, тие се најголемата музичка група на светот.
Девојчињата се поделени на три групи, Тим А, Тим К и Тим Б, секој составен од 16 членови. АКБ е кратенка на нивните маала во Токио. Групата се прослави со својот прв сингл , „Sakura No Hanabiratachi“ кој го објавија во 2006 година.
АКБ48 е навистина популарна во Јапонија и често се наоѓаат на врвот на музичките листи. Минатата година на оваа група и се приклучи и Тим 4, кој брои 11 девојки, со што бројот на членови се зголеми од 48 на 59 девојки. Па добро, ова веќе не е група, туку хор, нели?