Дочекајте ја Новата година со најдобрата техно забава во Берлин

popara30 декември, 20112min00
1

Секоја година, најголемата забава на отворено е секако, онаа кај Брандербуршката порта каде илјадници Германци и други туристи можат да одбројуваат до почетокот на  Новата година. На полноќ на Pariser Platz  почнува голем огномет, а овој дочек освен што е бесплатен, одговара за сите возрасти. Таканаречената party mile е настан кој вклучува шатори, подиуми за играње, штандови со храна и пиење, а она што ќе ве привлече е должината на толпата народ која е ни помалку ни повеќе- 2 километри.

Повеќето клубови најчесто работат од девет навечер до рано утро, а влезниците се движат од 15- 75 евра. Фамилиите можат да го остварат овој Новогодишен аранжман со тоа што, понудени им се, диско клубови, олимпијада и програма со магионичари. Првиот ден од Новата година можете да учествувате во големиот маратон долг 4 километри со што директно ќе донирате во организацијата УНИЦЕФ. Бидете дел од една поразлична и сеопфатна нова година, Берлин е отворен за Вас !

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma