Потребни состојки:
250 гр. маргарин
300 гр. мелени бисквити
150 гр. шеќер во прав
4 јаболки
3 + 4 банани
Припрема:
Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, додадете ги мелените бисквити. Во садот додадете и 3 изгмечени банани, 4 изрендани јаболка и 10 лажици сок од јаболка.
Добиената смеса со сукалка раширете ја на проѕирна голија. Врз смесата наредете 4 банани и свиткајте во ролат.
Оставете го ролатот да се стегне во фрижидер најмалку 2 часа. Откако ќе се стегне, исечете го на парчиња и наредете ги на чинија за сервирање, па декорирајте по желба. Добар апетит!