Зошто Windows Phone не е поуспешен

1 јануари, 20120
Windows

Чарли Киндел, поранешниот генерален менаџер за Windows Phone 7 во Microsoft, кој оваа година ја напушти компанијата, напишал пост на својот блог во кој го дава своето мислење за (не)успехот на Windows Phone.

Тој смета дека другите оперативни системи не се посупериорни од Windows Phone, напротив, но смета дека тие, односно Android како главен конкурент, ја добил подршката од производителите и операторите.

Microsoft им одредува на операторите кога и како уредите ќе бидат надоградувани, на производителите им одредува кои спецификации уредите мора да ги имаат, и токму поради овие причини тие се насочуваат кон Android и својот маркентишки буџет во најголем дел го даваат на оваа платформа.

Што се однесува до корисниците, Киндел смета дека тие не ја разбираат технологијата.

„Се што тие знаат е да ја купат услугата или телефонот од својот оператор. Во основа, тие ќе купат било што, што им се сервира на теливизиските реклами или што продавачите им предложуваат”, изјавил тој.

Apple е успешен, смета Киндел, бидејќи ги исфрлил производителите од приказната, но тоа на крај ќе се сврти против нив, а што се однесува до Android, Киндел вели дека токму „раширените раце”, кои Android им ги дава на производителите, ќе доведе до огромни фрагментации кои ќе ги излудат корисниците.

„За Windows Phone да успее, Microsoft мора да ги натера операторите повеќе да ги рекламираат Windows Phone уредите и подобро да ги обучат своите вработени за нивна продажба”, додаде Киндел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber