Секое утро кога ќе се разбудите, особено утрото по прославата за Нова Година, имате чувство дека ви е потребна огромна шоља кафе да се разбудите. GourmetGiftBaskets.com го сфатиле ова чувство како предизвик, па ја создадоа најголемата шоља за кафе на светот и со тоа успеаа да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Рекордната шоља за кафе собира 7609 литри кафе, што е еквивалентно на 32 160 обични шољи кафе, а висока е неверојатни 2,5 метри.
На промоцијата на гигантската шоља биле потребни дури 2 дена за две машини за кафе да направат доволно кафе за да ја наполнат целата шоља, а користеле каде од типот на Блек Колумбиан.
Со новиот рекорд од 7609 литри кафе, GourmetGiftBaskets.com успеаа да го срушат претходниот рекорд од 3449 литри кафе, поставен во 2007 година.
Најголемата шоља за кафе на светот е изложена во Манделеј Бер Ризорт енд Казино во Лас Вегас.