Купка со морска сол е неверојатно ефикасно средство за борба со целулитот. Морската сол содржи високо концентрирани минерални материи и микроелементи како магнезиум, калциум и други. Активните материи ги подобруваат метаболните процеси и го стимулираат крвотокот. Разтворена во вода морската сол ги извлекува токсините од кожата и ги обнувува нејзините заштитни функции. Редовните купки со морска сол имаат неверојатен ефект, масните наслаги се намалуваат, а перничињата на задникот и бедрата едноставно исчезнуваат. Многу е важно кога лежите во када со сол да не користите сапун, а после процедурата задолжително да нанесете млеко за тело. Процедурата да не биде пократка од 20 минути. И секако за добри резултати пресудна е постојаноста и редовноста.