Повеќе оед милиони луѓе се собраа за новогодишната ноќ на Тајм Сквер во Њујорк, за да ја испратат старата година и да ја дочекаат новата и тоа со мега популарната Лејди Гага.
Контроверзната пејачка заедно со градоначалникиот на Њујорк, Мајкл Блумберг, го притиснаа копчето на куглата со дијаметар од три и пол метри и со 2688 кристали на неа како старт за новиот почеток во 2012 година.
Њујорчани се радуваа на топлото време, на песните од популарните ѕвезди, а веднаш по полноќ конфетите го прекриа целиот Тајм Сквер, а огнометот го осветли небото над Менхетен.
Според многумина ова е најголемата прослава од 1904 година која се случила во Њујорк.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CpPi_YqonCs