Популарната пејачка Мараја Кери Новата Година ја дочека со сопругот Ник Кенон и своите дечиња, и тоа на едно од најубавите места за зимска идила на светот – Аспен.
Аспен сигурно прво ве асоцира на филмот „Глупавиот и поглупавиот“, но ова е едно од најлуксузните и најбараните дестинации зимно време во светот.
Пејачката решила ги помине празниците токму во Аспен, бидејќи смета дека е совршено место за зимска семејна идила и одлична локација за да ги помине новогодишните и божиќните празници со своите близначиња.
Мараја изјавила дека ова за неа била најубавиот дочек на Нова Година во нејзиниот живот.