Фејсбук е крив за секој третти развод!

popara2 јануари, 20121min00
facebook1

Најпопуларната социјална мрежа на светот е одговорна за многу љубовни познанства, но исто така и за многубројните брачни бродоломи, изјавиле адвокатите.

Според податоците на адвокатската фирма Divorce-Online, третина од разводите во Велика Бротанија кои се случиле минатата година се последица поради фактот што некој од брачните другари користел фејсбук, а другиот неговото однесување го оценил како „неразумно“. Зборот фејбук се наоѓа во секое третто барање за развод, кои биле поднесени минатите две години, додале адвокатите.

„Фејсбук за многу луѓе стана главно средство за комуникација со пријателите. Луѓето често ги контактираат и поранешните партнери и се почнува сосема наивно, но доведува до проблеми. Ако некој сака да го изневери партнерот или да флертува со други, тоа се разбира најлесно се прави преку Фејсбук“, изјавил Марк Кинан, директор на Divorce-Online.

Најчестите проблеми кои ги предизвикува Фејсбук, се пораките со нессодветни содржини, фотографии од забави за кои партнерот незнаел дека сте биле, друштво на некоја личност, наведува Дејли Мејл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma