Жената која се сретнала со сите пријатели од фејсбук! :)

popara4 јануари, 20121min00
zsps

Арлин Пресер има две деца и скоро цел свој живот страда од агорабофија. Но, пред пет години нејзината фобија го достигнала врвот, кога поради тоа не можела да присуствува на свечена промоција на својот син.

Тогаш жената сфатила дека мора да преземе нешто и да се соочи со фобијата, за да го реши проблемот и да живее нормално.

„Знаев дека мора да направам нешто екстремно, само незнаев што“, изјавила Арлин. Една вечер додека се допишувала со еден пријател од фејсбук дошла на идеја цела 2011 година да се сретне со сите свои фејсбук пријатели.

Покрај пријателите од САД, Арлин ги посетила и оние од Германија, Кореа и Велика Британија, а на тој начин била во 51 град.

„Тоа беше застрашувачко искуство, но научив како да се справувам со мојот страв, а тоа беше мојата цел“, изјавила Арлин.

Агорафобија е инаку страв од отворен простор и голем број луѓе, паника, напнатост, вртоглавица се само некои од симптомите.

Еве како изгледа приказната на Арлин во неколку минути:

httpv://www.youtube.com/watch?v=5TN7S-k4KGI

Виц:

Како плавуша прави дупликат клуч?

Го фотокопира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma