Славни и банкротирани :(

popara4 јануари, 20121min00
donald-trumps-l

Кога помислувате на славнити личности прво нешто што ви паѓа на ум е тоа колку пари заработуваат овие луѓе. И кога ќе видам луѓе што имале толку многу како банкротирале се прашувам како воопшто тоа е можно. Но за се си има причина, некои направиле понгрешни инвестиции, или трошеле без осет на работи што апсолутно не им треба или пак нешто сосема треба… Склопивме за вас една листа на познати личности што банкротирале, некои успеале повторно да издигнат, а некои не.

1)    Мајк Тајсон- За време на својата боксерска кариера “Челичниот Мајк“ заработил стотици милиони долари, но сепак тоа не било доволно за него.. Во 2003 поднесе барање за стечај.


2)    Николас Кејџ- Овој оскаровец се соочуваше со банкротирање со 2009 и беше присилен да продаде некои и неговите имоти, за да плати 7 милиони долари што и должел на даночната служба.. Актерот потоа беше принуден да прифаќа улоги што во нормални услови не би ни помислис да ги прифати.

3)    Лери Кинг- Познатиот водител во 1978 не можел да си го подмири долгот од 352 000 долари па прогласи банкрот. Иако поминувал низ тежок период, сепак успеал да стане легенда како што е денес.


4)    Натали Кол- Одличната пејачка Натали Кол ,една од подобрите Џезерки во денешно време, бакротираше во 1998.


5)    Мајкл Џексон- Тешко е да се поверува дека кралот на Поп-музиката имал некогаш финансиски проблеми со оглед на успешната кариера што ја имаше, но сепак во 2009 тој имаше долг од околу 500 милиони долари.


6)    Доналд Трамп- Прв пат кога дознав за ова не можев да поверувам, но Доналд Трамп банкротирал 3 пати досега. Последните два се случија во 1991 и 2009.


7)    Тони Брекстон- Во раните 1990ти оваа пејачка поднесе барање за стечај поради долг од 3.9 милиони долари.


8)    Ким Бесинџер – Кога ќе изгубите судска парница и треба да платите 10 милиони долари не е воошто лесно, дури ни кога сте во врвот на кариерата како Ким Бесинџер во 1993.


9)    Дон Џонсон- Актерот познат кај нас по серијата Неш Бриџис, во средината на 2000тите имал милионски долг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma