Британските научници спровеле едно навистина интересно истражување со цел да се обидат да дознаат кој тип на жени најмногу ги привлекуваат мажите.
Тие испратиле група на бринети, русокоси и црвенокоси девојки низ ноќните клубови со задача да избојат колку мажи ќе им се додворуваат. На русокосите им се додворувале 60 мажи, на бринетите 42, додека на црвенокосите жени им се додворувале само 18 мажи.
Потоа истражувачите спровеле анкета во истите ноќни клубови меѓу мажите, и на нивно изненадување повеќето мажи одговориле дека бринетите се поатрактивни.
Според Вирен Свами, предводникот на истражувањето, мажите повеќе им се додворуваат на русокосите иако сметаат дека бринетите се поатрактивни затоа што постојат стереотипи за интелигенцијата на русокосите, па тие сметаат дека кај нив имаат помали шанси да наидат на одбивање.