Славниот ум призна што за него е најголема мистерија! :)))

popara5 јануари, 20121min00
0357007.48

Иако тој е најпознатиот жив светски научник, професорот Стивен Хокинг  сепак призна дека незнае баш се и дека постои една работа која му е потполна мистерија, а тоа се жените.

Во интервју за магазинот New Scientist, по повод неговиот 70 роденден, Хокинг  на прашањето за што највеќе размислува во текот на денот, одговорил – на жените.

„Жените, тие се комплетна мистерија“, додал Хокинг.

Исто така, на прашањето за тоа што смета дека е негова најголема грешка, Хокинг одговорил дека тоа било неговото верување дека црните дупки ги проголтуваат и уништуваат информациите.

„Тоа беше моја најголема грешка или пак голема грешка во науката“, изјавил Хокинг, кој веќе со децении боледува од амиотрофна латерална склероза.

На 8-ми јануари по повод 70 роденден на научникот Универзитетот во Кембриџ ќе одржи симпозиум во негова чест под името „Состојбата на вселената“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma