За да го задржат имиџот на посилен пол мажите кријат многу тајни од жените. Еве ви ги најголемите четири тајни кои мажите вешто ги кријат од понежниот пол:
Мастурбација: Да, мажите мислат на сексот скоро постојано, а многу често и мастурбираат. Но доколку се во врска мажите кријат дека мастурбираат бидејќи им е страв да не бидат погрешно сватени од страна на партнерката.
Романтични комедии: Иако навидум се „мачомени“ кои сакаат само акција и хорор, всушност истражувањата покажаа дека огромен број на мажи навистина уживаат во романтичните комедии.
Шпиунирање: Мажите го проверуваат профилот на своите потенцијални партнерки, односно се распрашуваат и се обидуваат да дознаат се што можат, а тоа произлегува од нивната несигурност.
Криза со тежината: Не се само жените тие кои понекогаш се чувствуваат дебело, и мажите имаат кризи со својот изглед иако вешто го кријат тоа. Доколку забележите дека се обидува да ги носи старите фармерки и ви вели дека само го мрзи да купи нови, всушност смета дека има проблеми со килажата.