Како Тамара Еклстоун оди на плажа?? Со костим за капење и скапоцен накит од 120.000 долари! :))

popara6 јануари, 20121min00
5_mn

И додека на поголемиот дел од жените им е незамисливо да носат накит на плажа, богатата наследничка на Берни Еклстоун, Тамата тоа не е никаков проблем. 27 – годишната богаташка не можела да се одвои од своите скапоцени “каменчиња” ни додека се сончала на плажа во Дубаи.

Постарата ќерка на шефот во Формула 1 имала на себе накит вреден 120.000 долари.

Ова е, во последната година, нејзина втора посета на луксузното одморалиште кое главно го преферираат богатите и славните, а и Тамара очигледно не е исклучок.

Како и секој пат до сега во костимот за капење изгледа совршено, а од својот скапоцен накит не можела да се одвои ниту на плажа. Тамара својот минималистички аутфит го дополнила со две дијамантско – златни Картие нараквици во вредност од 30.000 долари, дијамантски обетки кои чинат двојно повеќе и Ролекс часовник за чија висина на цена може само да претпоставуваме.

Тамара изгледала опуштено и задоволно, а зашто не би кога нема никакви грижи.

Но, веднаш по враќањето во Лондон, заглавила во сообраќајната гужва која очигледно ја изнервирала, па на Twitter објавила “Сакам да се вратам во Дубаи”.

 

 

Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
– Ауди Q7
– Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
– А ти сакаш ли на зејтин или на маст?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma