Шакти 360 Лети е прекрасно место кое се наоѓа длабоко во Индиските Хималаи. Се состои од четири луксузни кабини кои зафаќаат простор од 2200 метри. Ова е совршеното место за бегство од секојдневието, одлична прилика за огромна доза на релаксација и целосна изолација. Всушност, за да се дојде до самото место, потребно е возење од 3,5 часови и тоа покрај најубавите светски планини…а потоа следува 1,5 час пат меѓу неодоливите пејзажи. Луксузното одморалиште е сместено на местото каде што се сретнуваат Непал, Тибет и Индија.
Секоја почит за ово место. Ретко каде едноставноста може да добие лик на комфорт и луксуз. За туристите, се нудат 4 приватни куќи за сместување а има и менза со прекрасни специјалитети. Секоја куќичка си има прекрасна градина со неодолив поглед.
На ова место, можете да возите велосипед, да трчате, да медитирате и да уживате во јога вештините…Можете да го посетите и храмот со неверојатни импресии…Можете да правите што сакате …