Карам и Картари Чанд во брак се 86 години, а велат дека тајната на успехот е да се ужива во животот.
Прачниот пар од Бредфорд од Велика Британија се венчале во 1925 година, па така станаа брачна двојка која е најдолго во брачна заедница во Велика Британија.
Карам е роден во мало индиско село во 1905 година, рано стапил во брак. Неговата невеста пак Картари е родена во истиот регион во 1912 година.
Карам во Бредфорд дошол во 1965 година, а заедно со својата сопруга сега и официјално се прогласени за брачен пар кој најдолго е во брак, односно 86 години.
Тој изјавил дека нема рецепт за успешен и долг брак.
„Јадете што сакате и пијте што сакате, но во граници на нормалата. Никогаш не се воздржував да уживам во животот“, изјавил 106 годишниот Карам.
Карам пуши само една цигара на ден, а три до четри пати во неделата пие по една чашка виски. Картари пак е возбудена што оваа година ќе добие писмо од Британската кралица, поради нејзиниот 100-ти роденден.