Луѓето ги лажат своите блиски пријатели и колеги преку социјалните мрежи, мејлови и мобилни телефони секој месец по 28 пати, покажало едно најново истражување во Британија, спроведено на 2000 лица.
Поради модерните технологии полесно се одлучуваме на лаги, додека очи во очи луѓето лажат само 17 пати месечно. Што значи 28 и 17 пати месечно тоа вкупно се 45 пати, а тоа пак значи дека секој ден кажуваме по 6 лаги, се наведува во истражувањето.
Недостатокот на контакт на очи ги охрабрува луѓето да лажат повеќе, истакнале истражувачите. Мажите лажат почесто од жените, па така преку интернет тие кажуваат 31 лага месечно, додека жените 24.