Рај од мраз

popara9 јануари, 20122min00
naslovna

Познат како рај од мраз и снег, градот Харбин е познат по своите прекрасни зимски уметнички дела. Меѓународниот фестивал во Харбин се одржувал уште од 1963 година. За жал тој бил прекинат веќе неколку години за време на културната револуција се додека не продолжил во 1985-та година. Мразот и снегот се специјалитет на северните провинции на Кина. Оваа локација во североисточниот дел на Кина се карактеризира со арктичка клима и изобилува со природен мраз и снег. Таму температурата е под нулата повеќе од шест месеци во годината. Овој фестивал е наменет за промовирање на имиџот на градот Харбин и туристичката индустрија на градот и игра активна улога во претставувањето на овој град со остатокот од земјата и светот. Ако не се плашите од студеното време ова е прекрасен град за посета за време на овој фестивал. Специфичните модели на мраз вклучуваат уникатни скулптури, цвеќиња, разни архитектури, згради, замоци и така натаму…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma