Свештеникот кој го смени текот на историјата! Човекот кој го спаси Хитлер од давење во река!

popara9 јануари, 20121min00
133062

Германецот Јохан Кубергер (1894) од заледената река Ин, го спасил Адолф Хитлер, кој тогаш имал четри години.

Свештеникот Јохан Кубергер, тогаш бил младо момче и пред да се замонаши, во јануари 1894 година спасил четри годишно дете од заледената река во градот Пасау, германија. Подоцна се испоставило дека станува збор токму за Фирерот.

Иако, Хитлер додека бил жив никогаш  не ја потврдил оваа приказна, таа прв пат беше раскажана од свештеникот Макс Тремел, пред неговата смрт во 1980 година. Неговиот предходник бил свештеникот Кубергер, кој му ја раскажал оваа приказна. Досега скоро никој не верувал во приказната поради фактот дека не постоеле докази, а мислењата беа поделени.

Меѓутоа, неодамна во градот Пасау е пронајден исечок од весник кој сведочи за тој настан и ја потврдува приказната на свештеникот.

На исечокот од весникот пишува дека неименувано момче паднало во заледената вода во реката, а дека еден млад човек скокнал и го извлекло детето од сигурна смрт.

Епизодата за давењето на малиот Хитлер исто така била опишана во книгата „Out of Passau-Leaving a City Hitler Called Home“,  која ја има напишано Ана Елизабет Ромус, жената која израснала со Адолф Хитлер.

Подоцна, Хитлер раскажувал приказни пред своите генерали дека како дете си играл каубојци и индијанци покрај брегот на реката, но никогаш не споменал давење.

Во книгата писателката додека и дека Хитлер никогаш не научил да плива.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag